Поранешниот на Беквалац се огласи по нејзината венчавка- еве што кажа

Поранешниот сопруг на Беквалац рамнодушен кон нејзиниот нов брак.

Откако е објавена веста дека Наташа Беквалац (34) пред еден месец тајно се омажи за ракометарот Љуба Јовановиќ (32) пејачката со својот сопруг го напушти Белград.

Поранешниот сопруг на Беквалац и некогашниот ватерполист Данило Икодиновиќ не го потресе веста дека мајката на неговата ќерка повторно се омажи. Важно му е само нивната ќерка Хана (8) да е среќна и за тоа води грижа и понатаму.

Фановите говорат дека Наташа го повторила сценариото од пред десет години кога исто така тајно се омажи за Данило. Прво се венчаа пред матичарот и кумовите, па дури подоцна признаа во медиумите и организираа голема свадба. Така и со Љуба тајно си дадоа завети, па заминаа на меден месец на Тајланд. Додека младенците уживаат за нејзината ќеркичка Хана се грижи Данило.

На прашањата од медиумите за новиот брак на Наташа, тој само изјави:

Доволно е да ви кажам дека ова не мора да ме интересира.

Наташа и Данило се разведоа пред четири години, а бргу потоа пејачката почна да се забавува со Љуба, па поранешниот и сегашниот уште тогаш се запознаа.

 

Со Љуба врската тогаш траеше само неколку месеци, но пред некое време се смирија и одлучија да се венчаат.

Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега