Хрватска забрани кандидирање за пратеници на осуденици за тешки злосторства

Хрватскиот парламент денеска усвои измени во изборниот закон, со кои се воведува преференцијално гласање на парламенартните избори и забрана за учество на изборите на кандидати, осудени за тешки злосторства, јави Танјуг. 

Според новиот изборен закон се забранува да се кандидираат на избори лица кои се ефективно осудени на затворска казна над шест месеци, ако веќе ја отслужуваат казната или пресудата е во сила и претстои нејзино издржување.

Осудените за најтешки престапи и за злоупотреба на службена позиција и полномошно нема да може да се кандидираат на избори до истекот на нивната рехабилитаиција.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега