Експресно враќање на балканските азиланти од Шведска

Шведскиот Миграциски завод сака да ги враќа азилантите од Албанија, Босна, Косово, Македонија и Србија во нивните земји, веќе по 4-5 недели по нивното пристигнување во Шведска, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Во Германија веќе не се одобруваат дозволи за престој на баратели на азил од Босна, Македонија и Србија. Споменатите земји од ноември лани се класификувани како „сигурни земји на потекло“.

Токму затоа германските надлежни органи воведоа брз третман на азилнатски барања од трите балкански земји, поради што шведскиот Миграциски завод изразува загриженост дека германската одлука ќе има последици во однос на азилантските бранови што сега се насочуваат кон Шведска.

Актуелните прогнози зборуваат дека годинава може да се очекува 8.000 лица од Балканот да поднесат барање за азил во Шведска, во споредба со 5.732 азилнатски барања кои биле поднесени во текот на минатата година, пишува „Сидвенскан“.

Според шведскиот Миграциски завод растечкиот азилантски бран од Балканот се случува како непотребно оптоварување во ситуација кога азилантите од Сирија, Еритреја и други земји имаат далеку поголема потреба од заштита.

Тоа е причината поради која Миграцискиот завод предлага интервентни мерки заради побрзо одвраќање на балканските азиланти.
Забрзувањето на процесот на разгледување на азилантските барања е замислен како испраќање на јасен сигнал кон Албанија и земјите од подрачјето на поранешна Југославија дека азилантите од западен Балкан имаат мошне мали шански да добијат дозвола за престој во Шведска.

Лани само два до три проценти од барателите на азил од балканските земји добиле дозвола за престој во Шведска, додека на повеќе 5.500 лица од Балкан директно им била ускратена можноста да останат во земјата.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега