Хрват казнет со 130 евра зашто постирал на Фејсбук цртеж со марихуана

Хрватот Стјепан Павлековиќ беше осуден да плати казна од 130 евра, затоа што поставил на профилот на Фејсбук слики на цртаниот херој Попај како пуши марихуана.

Павлековиќ, 49-годишен невработен геолог, поставил цртеж на Попај како пуши од луле, од кое излегува зелен чад, пред поле со марихуана со листови од канабис истетовирани по рацете. 

Тој исто така поставил и цртеж на Снежана, на која вештерката и нуди лист од канабис, наместо отровно јаболко.

- Тоа е апсурдно, сакав само да се пошегувам, а не да пропагирам било што, изјави Павлековиќ, жител на градот Лепосавиќ.

На крајот на 2014, Павлековиќ беше повикан во полиција и обвинет дека пропагира користење опијати.

Павлековиќ изјави дека ќе ја обжали пресудата.  

Марихуаната во Хрватска не е одобрена со закон, но се водат дебати за нејзино легализирање за медицински цели. 

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега