Груевски: Вистината ќе излезе на виделина - на сите прашања ќе одговарам пред судот

„Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот и да ги гледате доказите, да ги препознаете шпекулациите“. Ова во изјава го порача премиерот Никола Груевски во обраќањето пред граѓаните на 31 јануари по објавувањето на акцијата „Пуч“ во која, како што тврди МВР, опозицијата помогната од странски тајни служби беше фатена во обид да ја преземе власта по насилен пат.

Шест лица меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев се сомничат за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

 

Уапсен беше Зоран Верушевски и уште двајца вработени во МВР, како и сопругата на Верушевски и најблискиот соработник на Зоран Заев. Лидерот на СДСМ е единствениот кој не доби притвор.

Од тогаш, Зоран Заев одржа две прес конференции од кои на првата објави небитни приватни разговори, а на втората разговори со кои тврди дека судиите биле контролирани од власта.

Иако пред една недела тврдеше дека директорот на ДБК и Груевски се единствените кои не се прислушувани, денеска слушнавме и снимка на која Заев тврди дека Сашо Мијалков зборува со вицепремиерот Муса Џафери. Оттука, станува нејасно врз основа на што Заев тврди дека Груевски и Мијалков вршеле незаконско прислушување, особено ако се има предвид дека Мијалков не би можел да се прислушува самиот себе си. Оттука, кај граѓаните има се помалку дилема дека странски служби ги вршеле незаконските прислушувања. Дилемата која останува е што Заев им понудил на странците во замена за снимените материјали.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега