Бесен кумановчанец претепал полицајци и се што му дошло при рака

22-годишниот кумановчанец В.А. си заработи кривична пријава поради „насилство“и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Пред неколку денови на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово откако пријавениот забележал две лица како од возило ја симнуваат Н.И., истиот физички ги нападнал и со рака го скршил ветробранското стакло од возилото.

Кумановчанецот при тоа се здобил со повреди и се упатил во Ургентен центар за да му укажат лекарска помош, каде пристигнале полициски службеници, а при обид да го идентификуваат, истиот одбил и физички нападнал еден од полицајците.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

најчитано сега