Направете ги овие 4 работи и ќе се збогатите

 
Еве четири едноставни начини кои мора да ги следите и со чија помош и вие ќе станете богаташ кога ќе одите во пензија.

 1. Штедете 10 до 15% од својата плата – или повеќе - Што повеќе штедите, побрзо ќе станете милионер. Лицата на кои Fidelity Investments правел истражување 12 години, штеделе околу 14 отсто од својата плата и во просек заштедувале по 13.300 долари годишно. Земајќи ги во предвид каматите, само во тој период заштедиле по околу 170.000 долари.

 

2. Вложете во акции - Милионерите имаат пари бидејќи ги вложуваат во разни акции во повеќе држави. Акциите ви даваат приходи и дивиденди. Платени сте затоа што сте инвеститор и преземате ризик.

 75 отсто од парите на лицата на кои Fidelity Investments спровел истражување, биле врзани за акции и фондови. Нивната сметка, благодарение на тоа растела 8,75%.

3. Не подигајте кеш - Вашите вложувања не се каса ниту фонд за итни случаи. Причекајте додека парите богато не се оплодат.

4. Уплатувајте во доброволен пензиски фонд - Освен задолжителниот, добро е и сами да се погрижите за својот пензиски фонд. Вложувајте што повеќе пари во фондови.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега