Општина Карпош ќе донира 400 000 денари за поплавените региони во Македонија

Советот на Општина Карпош ќе донира вкупно 400 000 денари за настраданите во поплавените региони во Македонија.

 

Имено, на денешната Седница на Општина Карпош ќе бидат донесени две одлуки: советниците ќе дадат 100 000 денари од паушалите на сите советнички групи и 300 000 денари ќе бидат одвоени од Буџетот на Општина Карпош.

 

-Сите 400 000 денари ќе бидат доделени за поплавените подрачја и за оние кои што во моментов им е најнеопходна. Уште еднаш потврдуваме дека општина Карпош во секое време се наоѓа и со сите можни средства помага на граѓаните кои во даден момент  имаат потреба од тава помош, истакна Сашо Лазаровски претседател на Совет на Општина Карпош.

 

Лазаровки апелираше и до сите граѓани кои што можат да помогнат за поплавените региони да го направат тоа.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега