Едукативни работилници за заштита од дрога, алкохол и цигари во средните училишта

 

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје - Скопје согласно програмските активности на Министерството за здравство во понеделник (23 февруари) почнува едукативни работилници за млади адолесценти, за заштита од злоупотреба на зависности од дрога, алкохол и цигари, кои ќе се одржат во средните училишта во Градот Скопје. Работилниците ќе завршат на 2 март.

Едукативните работилниците за ученици од прва и втора година, соопшти Здравствен Дом на Скопје, ќе се реализираат на првиот и вториот училишен час, според распоредот на училиштето. Изготвени се промотивно едукативни материјали кои ќе се делат на работилниците (флаери за секој ученик) и постери со содржини за заштита од злоупотреба на зависности од дрога, алкохол и цигари.

Активностите ќе бидат во заедничка соработка со Министерството за внатрешни работи, со полициски службеници од СВР Скопје, кои во делот на едукативните работилници ќе се приклучат на здравствените работници, како дел од кампањата Безбедност во сообраќајот, и на учиниците ќе им зборуваат за штетноста на употреба на алкохолот при управување со возило, стои во соопштението од Здравствен дом на Скопје

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега