Не се потребни проекти ако секој почне да соработува со странски служби

Aко секој почне да соработува со служби и да креира материјал, тогаш не се потребни проекти, програма и кадар… Ова го истакна премиерот Никола Груевски во вчерашното обраќање до јавноста.

Многумина прашуваат како сево ова би можело да заврши, а премиерот вчера даде одговор на тоа прашање.

-На ова прашање граѓаните ќе го дадат својот одговор, преку довербата која ја даваат и ќе ја дадат на сите нас на политичката сцена. Времето и граѓаните, се клучот, односно нивната определба дали сакаат да бидат вовлечени во ова деструктивно сценарио спремено и спакувано од страна, или ќе се насочат на реалните проблеми и на тоа кој ќе има подобра понуда и решенија за проблемите на граѓаните, подобра програма, резултати. Инаку, овој рецепт за урнисување на државата преку креирани материјали во соработка со странски служби, со наведувачки воведи, нашата опозиција треба да го патентира, рече Груевски.

Вакво нешто, посочи премиерот, досега на никого не му текнало.

-Замислете колку се би било полесно ако секој што претендира да биде сериозен политичар или партија и да води една држава, почне да соработува со служби и да креира материјал за да ја оцрни власта. Тогаш не се потребни проекти, програма, кадар, тогаш е потребен само еден човек кој е доволно очаен, и лаком, доволно слаб, за да прифати да соработува и да прибегне кон вакво сценарио. Но, времето ќе им го даде најјасниот одговор на сите нив, но и на оние кои во даден момент ќе се поколебаат и на кои ќе им повлијаат со ова сценарио, додаде премиерот.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега