На Грците се им смета: „Никој нема право да го користи името Македонија"

Името Македонија е грчко и никој нема право да го користи со исклучок на Грција, повтори грчката неофашистичка партија Златна зора, јавуваат грчките медиуми.

Јоргос Епитидиос уште еднаш побарал „Скопје да престане да се нарекува Македонија“ и истакнал дека изговорот дека Грција ја спречува интеграцијата на Скопје во меѓународните организации е лицемерен, а она што треба да го почитува соседната држава е историјата на нивната земја.

Инаку во Грција се уште се актуелни интервенциите на европратениците на Нова демократија Кефалојанис и Спираки на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) кои остро се спротивставиле на отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија.

Сепак, анти-македонските амандмани на коалицијата на европратеници од Грција и Бугарија не пројдоа и АФЕТ во вторникот ја усвои Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл за Република Македонија, во која по деветти пат, европскиот законодавен дом бара итно отворање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската унија. 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 10:31
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега