Репортажа за Македонија во Чешка: „Добредојдовте во земјата со планини облеани со сонце"

„Добредојдовте во земјата каде ве пречекуваат планини облеани со сонце!" Вака почна репортажата за југозападниот дел од Македонија, објавена синоќа на Чешката телевизија, јави дописникот на МИА од Прага. 

Се редат видео снимки од подготовките и прославата на православниот Божиќ, обичаите и верувања за Бадник низ сокачињата на Крушево. На патот кон Прилеп, во околните села се претставени одгледувачи на тутун и подготовките за испраќање на Православната Нова година, преку претворањето на луѓето во џоломари, исконски чудовишта кои ги бркаат лошите духови од старата година.  

Белината на планината Баба, со највисокиот врв Пелистер освојува како од најголемите природни убавини и режисерот не пропушта да ги покани Чесите да ја посетат Македонија и споредено со Чешка за малку пари вистински да уживаат во скијањето и сонцето. 

- Од старото исконско имаме можност да уживаме во модерниот креативизам на Македонците, вели модераторот најавувајќи ги видео снимките од Вевчанскиот карневал каде се редат учесниците со најразлични маски. 

Репортажата, која е направена со помош на поединци и амбасадата на Македонија во Права, завршува со македонскиот бисер, Охрид, Охридското езеро и прославувањето на Водици, Богојавление  кога според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. 

Огромниот број на верници, кои го бакнуваат крстот, кој го носи оној најсреќниот кој прв го фатил во студените води на езерото, симпатично се коментира: Навистина убаво чувство за време на празниците во Македонија кои се идеална можност и причина за дружење на населението".

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега