Ксукла ги демантираше медиумите на опозицијата - дали сега ќе се извинат?

Претседателот на Алијансата на либерали и демократи за Европа од Парламентарното Собрание, Жорди Ксукла директно ја демантира опозицијата и нејзините медиуми. Ксукла вели дека не е точно дека побарал мониторинг за Македонија во Советот на Европа.

-Земајќи ја во предвид погрешната интерпретација на мојата последна изјава објавена на 24-ти февруари за актуелната политичка ситуација, со која Македонија се соочува во последно време, невозможно е да се заклучи дека јас сум побарал враќање на Република Македонија во постапка на мониторинг во Советот на Европа. Само зли/нечесни мисли би може да изнесат таков заклучок од мојата изјава, вели Ксукла.

Тој потенцира дека е уморен од пристрасни и неточни интерпретации на моите зборови.

-Нема да се изјаснувам за ова прашање до следниот состанок на Мониторинг комитетот што ќе се одржи во Париз на 17-ти март 2015 година, вели Ксукла.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега