МАН: ЗНМ се стави во функција на СДСМ

По повод настаните поврзани со објавуавње приватни телефонски разговори од страна на СДСМ и нивниот претседател Зоран Заев, во кои се објавуваат и приватни разговори на новинари како и на други лица, МАН како најбројна новинарска организација во Македонија го има следниот став темелен врз законот, професионалните стандарди и почитувањето на основните граѓански права:

 

1. Јавното објавување туѓи приватни телефонски разговори без потврда за автентичност и согласност на учесниците посочени во разговорот е кривично дело, како и масовно кршење на човековите права, на што неколку пати упати и меѓународната заедница и упати на институциите, како место за решавање на евентуалните проблеми.

 

2. Објавените разговори од страна на СДСМ се употребуваат за партиски потреби, односно подигање на партискиот рејтинг на СДСМ на штета на законот и основните човекови права. Македнската асоцијација на новинари го осудува ваквото партиско манипулирање со јавноста која со кршење на законот се става во функција на партијата.

 

3. Другата, помала новианарсака асоцијација ЗНМ, повторно се става во функција на СДСМ како логостика за нивни партиски акции. Тие протестираат затоа што се прислушкувани новинари кои СДСМ ги посочи и етикетира како опозициски, со што новинарите од тој список ги стави, исто така, во своја функција.

ЗНМ молчеше кога СДСМ и Заев објавуваат непотврдени разговори на други новинари кои, според СДСМ не се блиски на опозицијата, а реагира на најава на разговори блиски до СДСМ кои не се објавуваат јавно, за разлика од  другите новинари. И овојпат ЗНМ се става во функција на партсика политика, што за јавноста не е ништо ново.

 

4. По информациите кои владата вчера ги даде до јавноста, постојат докази за прислушкување од страна на нарачател, надвор од вољата и ингеренциите на македонските државни органи, за што постојат и признанија на учесниците.

Ова покажува дека се работи за организиран незаконски влез и напад врз македонската држава, и приватноста на граѓаните што СДСМ и ЗНМ забораваат да и го кажат на јавноста.

Во такви околности, во секоја држава, јавноста и државните институции заедно прават напори за решавање на ситуацијата, а не прават партиски профит на општа штета.

 

Во најмала рака, срамно е и во ваква состоја ЗНМ да соработува со една партија а на штета на целата јавност, а во полза на организаторите на незконското прислишкување по порачка. Но, кога е ЗНМ во прашање, срамнот и јавниот интерес не се нивна грижа и тема.

(Интегрален текст од писмено соопштение на МАН)

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега