Регистрирани четири случаи на жолтица

Во период од два месеци регистрирани се четири деца заболени од жолтица во Штип, од кои три дечиња на возраст од околу 8 години се од реонот на Радански пат, а едно од улицата Широк дол.

Директорот на Центарот за јавно здравје, Велик Грков  вели дека бројката на заболени не е алармантна имајќи предвид дека минатата година во Штип имавме епидемија на оваа болест.

- Сите четири деца болнички се згрижени и се пријавени кај нас. Оваа бројка не е за паника, вели Грков.

Според него, бидејќи станува збор за дечиња кои одат на училиште во нивните училишта треба да се преземат мерки за да не се шири оваа болест, а родителите и наставниците треба да ги препознаат симптомите.  

Надлежните од Основното училиште „Гоце Делчев“, во кое од Нова година имаат заболено три дечиња од Хепатит А велат дека ги имаат преземено сите мерки за дезинфенкција на просториите, а секојдневно имаат чистење на училиштето со средства.

Минатата година во Штип имаше епидемија односно околу 90 лица беа заболени од оваа болест. 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега