Тешка кражба во Струга - стружанец остана без евра денари и златен накит

Вчера во период од 10 часот и 30 минути до 20  часот на улицата „Маршал Тито“ во Струга, непознат сторител ограбил стан на стружанец.

Крадецот со помош на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на 41-годишниот Н.С. од Струга од каде одзел 2.000 евра, 80.000 денари и златен накит.

Арамијата се стекнал со противправна имотна корист од околу 230.000 денари.

Се превземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

најчитано сега