Го претепале ама не му ги земале парите - неуспешен обид за кражба во Куманово

38-годишниот  И.К. и 48-годишниот Т.П. од Куманово заработија кривична пријава поради обид за кражба.

Двајцата пред четири дена околу 20 часот на улицата „Илинденска“во Куманово го пресретнале 42-годишниот М.Ј. по што И.К. со спреј го испрскал во пределот на лицето за да му ја одземе чантата, но не успеал, па затоа Т.П. физички го нападнал сограѓанинот удирајќи го со тупаници во пределот на грбот.

По ова, двајцата разбојници од Куманово без да ја одземат чантата избегале од местото на настанот.

И двајцата разбојници си заработија притвор во времетраење од 30 дена.

најчитано сега