Дали Заев случајно откри како снимале тајните служби?

Заев заплеткан во сопствените лаги почна да се издава себеси пред јавноста.

Имено, во вечерашното гостување на Телма, Заев се обиде да го оттргне од себе обвинувањето дека е поврзан со прислушувањето. Но, во налетот да ги побие и цврстите докази, како признанието на првиот осуден во акцијата „Пуч“, лидерот на СДСМ случајно спомна нешто што изгледа сакал да го сокрие.

-Груевски почна со некои тактички опреми, не знам какви паралелни комбиња, како ги спомнуваше, веќе и не знам точно називите кои ги користеше, за да веќе се случува „Заев ве снимал, Заев бил посилен од Мијалков во ДБК“, рече Заев.

Од каде му се на Заев информации за паралелни комбиња, кои инаку работат како базни станици (предаватели) за мобилна телефонија? Никој досега не ги спомна истите, само Заев вечерва.

Ниту премиерот Груевски, кого Заев го повика во реченицата, не спомна никакви комбиња. Груевски зборуваше за тактичка опрема која ја користеле професионалци како замена за базни станици.

- Откако Зоран Заев започна да ги упатува заканите кон мене, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверка и утврди дека повремено на различни локации главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушкување и снимање на телефонски разговори, користејки мобилна опрема, чија локација постојано се менува, а која функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици, рече Груевски. 

Заев го отвори прашањето дали тој знае кој снимал со тактичка опрема, односно паралелни комбиња?

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега