Груевски: Бесплатни елаборати за социјално ранливите категории на лица

Владата овозможи да се легализираат дивоградбите по цена од 1 евро за метар квадратен. Посебно олеснување има за лицата од социјално-ранливите категории. Премиерот Груевски потенцира дека процесот тече, а сите треба да достават елаборати.

- Сите оние што се од најтешко ранливите категории, луѓе приматели на социјална помош, обезбедивме бесплатно правење на елаборати со кои ќе може да си ги легализираат своите живеалишта. Процесот оди добро. Досега над 2.800 барања од приматели на социјална помош се пристигнати и им се одобрени. Истите тие ќе се стекнат со решенија за легализација на нивниот имот, рече Груевски.

Премиерот апелираше сите останати да забрзаат со доставувањето на своите барања за да не одмине рокот.

- Државата покажа огромна подготвеност, најде начин и сили, за сите социјално-ранливи категории, да обезбеди бесплатно да добијат елаборати, сега останува тие да се вклучат во процесот, да го побараат тоа за да го добијат, дополни премиерот.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега