Решен проблемот на граѓаните кои не беа запишани во Управата за водење на матични книги

Министерот за правда Аднан Јашари денеска прв пат потпиша Одлука за регистрирање на две лица кои за 18, односно 17 години, не биле никогаш евидентирани во ниедна матична книга на родените.

Постапката по жалба против заклучокот на Управата за водење со матичните книги, со образложение дека не постојат податоци за мајката е усвоена.

- Одлуката на министерот налага Управата за водење на матичните книги да ги регистрира овие две лица. Во постапка се и други случаи кои се чека да се разрешат согласно соодветната постапка, се вели во денешното соопштение од Министерството за правда.

Ова, како што се потенцира, е едно постигнување за сите лица кои до сега немале можност да го остварат нивното елементарно граѓанско право, односно правото да поседуваат лични документи.

- Министерството за правда ќе контрибуира, кон елиминирање на разните категории на лица кои не можат да ги остварат правата на поседување на матични документи, како извод и други документи за идентификување, стои во соопштението.

Од Министерството за правда истакнуваат дека досега десетина граѓани не можеле да се регистрираат, од причини што немале ДНК анализи, или други податоци за мајката, но од сега па натаму, тие лица ќе можат да се регистрираат само со податоците за таткото.

Министерот за правда ги повикува сите лица кои имаат проблеми со уредување на документите, да се обратат до Подрачните одделенија на Управата за водење на матичните книги, со намера да се разрешат овие проблеми што е можно по брзо. 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега