Отворени денови на Агенцијата за храна во Богданци, Валандово и Радовиш

Граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор од Богданци, Валандово и Радовиш денеска ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Пред претставници на Агенцијата ќе може да се дадат предлози, да се побара стручна помош и да се добијат информации за прашања  во доменот на работата на оваа институција. 

Агенцијата за храна и ветеринарство од вчера организира отворени денови за граѓаните и компаниите, на кои го претставува и Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ што го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор. 

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега