ГДОМ: Вистината ќе излезе на виделена по судската разврска за „Пуч“

Јавното обвинителство да ги преземе сите мерки и да овозможи судска разврска за случајот „Пуч“, беше побарано од трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија која синоќа се одржа во Гостивар, пренесува МИА.

Според универзитетскиот професор Александар Климовски, „претседателот на СДСМ Зоран Заев и опозицијата прават кривично дело и бараат политичка разрешница, но тоа“, како што рече, „не е можно“. 

- Изнесувањето на информации прибавени на недозоволен начин е кривично дело, а тие бараат политичка разрешница. До неа не може да дојде ако нема правна разрешница. Затоа Јавното обвинитество треба решителни да преземе мерки кои низ јавнообвинителска процедура ќе го доведе случајот пред суд каде што ќе ја дознаме вистината, а не на пресовите на Зоран Заев, рече Климовски.

Професорката Виолета Ачковска рече дека низ историјата на македонскиот народ имало предавства, но оти секогаш кога било потребно народот станувал единствен и истрајувал. За расколот  ја обвини опозицијата. 

- И сега кога не можат да понудат нешто ново, се служат со помош на странски служби, со намонтирани материјали со кое за жал повторно го делат македонското национално ткиво. Таа поделба не довела до братоубистевни војни. Затоа ќе порачам дека на македонецот единствена татковина е Македонија, а не некоја партија, рече Ачковска.

Аналитичарот Александар Пандов во своеото обраќање подвлече дека „Македонија повторно е нападната, но овој пат одвнатре и оти тоа се предавници кои, како што рече, нé делат по разни основи“. - Видовме за колку пари Љубе Бошковски го продаде името и иднетитетот, но сега да видиме низ судски процес, за колку Заев ни го продал името. Мислам дека наскоро ќе имаме таква прилика, подвлече Пандов.

Новинарот Миленко Неделковски наведе дека Заев како обвинет во аферата „Пуч“ кој се брани од слобода прекршува два услови. - За да се брани треба да исполни три услови, да не ја напушта државата, да не го повтори делото и да не влијае врз сведоците. - Освен првиот, тој другите два услови ги прекршува. Постојано го повторува делото и влијае врз останатите, заплашувајќи ги дека ќе извади снимки и за нив, рече Неделковски.

На трибината фрагменти од монодрамата за Јане Сандански изведе и актерот Петар Темелковски.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега