Милошоски на Интерпарламентарна конференција во Летонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на летонското претседателство со Европската унија, ќе се одржи од денеска  до 6 март во Рига, Летонија.

На Конференцијата, како што стои во соопштението од собраниската прес-служба, ќе стане збор за приоритетите и стратегиите во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика на Европската унија, како и за политиката на добрососедство и Источното партнерство на Европската унија.

На конференцијата најавено е учество на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламентЕлмар Брок, на министерот за надворешни работи на Летонија Едгард Ринкевичс, на поранешниот министер за надворешни работи на Шведска Карл Билт, како и на други претставници од земји-членки на ЕУ. 

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега