Фасадите на пет објекти од старото градско јадро во Велес во ново руво

Фасадите на пет објекти од старото градско јадро во Велес годинава ќе бидат реставрирани со поддршка од Министерството за култура.

Станува збор за објекти кои се наоѓаат на улицата „Јован Алабаков“ и кои се дел од автентичната споменична целина со традиционални белези на велешката архитектура на 19 век.

Проектот за заштита на фасадите на петте куќи е изработен од страна на стручните екипи од Националниот конзерваторски центар-Скопје која е надлежна за заштита на културното наследство. Реставрацијата на објектите треба да заврши до крајот на годинава, информираат од министерството за култура.

Конзервацијата и реставрацијата на објектите во Велес е дел од проектот на Владата за санација на фасадите од амбиенталната стророградска архитектура што се реализира четврта година по ред. Во рамки на проектот досега е извршена санација и реставрација на 16 фасади на објекти и тоа 15 посебни зданија во урбаните средини на Крушево, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Гевгелија, Гостивар и Прилеп и еден комплекс од пет дуќани во Кратово.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега