„Џеваир Холдинг“ ги намалува цените на становите во скопските облакодери

Турската компанија „Џеваир Холдинг“ ќе ги намали цените на дел од становите во скопските облакодери.

Со 800 евра за метар квадратен, наместо досегашните стартни 1.100 евра, странскиот инвеститор станува конкурентен на пазарот, пренесува МРТ.

-Ќе ги намалиме цените почнувајќи од 800 евра, за ограничен временски период и на ограничен број станови. Сакаме нашите купувачи да заштедат дел од парите, затоа што некои од нив ќе треба да почекаат и до две години за да се вселат во становите. Мислам дека сега е вистинското време да се намалат цените на пазарот“, вели Есер Џеваир, генерален директор на „Џеваир Холдинг, за МРТ.

500dzevair-holding

Овој странски инвеститор лани доби и градежна дозвола да го подигне проектот Сончев град. Поволната инвестициска клима е причина за ширење на бизнисот.

-Македонија е многу важна точка и локација за странските инвеститори, бидејќи како странски инвеститор освен на економските компоненти како профитот и оданочувањето најмногу внимание посветувате на безбедноста и на едноставната бирократија. Од гледна точка на инвеститор, безбедноста е клучна кога истражувате некој пазар, бидејќи инвестирате во вработените, во сопствените материјални добра. Затоа сакате вашите пари да ги вложите во сигурна зона. Од друга страна, кога одберете земја, не ја познавате регулативата, сакате да знаете што ве очекува и сакате да најдете начин како да ја спроведете бирократијата за да добиете дозвола за работа. Од тие причини многу е важно да добиете поддршка од инстутуциите за да можете брзо да продолжите. Токму тоа олеснување е еден клучен сегмент што го нуди Македонија, нагласува Есер Џеваир.

Според најавата, „Џеваир Холдинг“ во земјава ќе остане најмалку десет години. Досега во четирите висококатници има вложено повеќе од 100 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега