Плажите кај Стење и Сливница ќе блеснат во ново руво

Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро ќе се уредат 600 метри плажа. Изградбата на плажите почнува денеска. Предвидено е да се уредат 500 метри плажа во Стење и 100 метри плажа во Сливница. 

На почетокот на градежните работи е најавено присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според предвидениот проект, на плажата треба да се изградат шанкови, платформа за сончање, пристаниште за воден сообраќај и издавање на водени пловни средства, простор за соблекувални, чешми и тушеви, спортски игралишта на песок за одбојка, тенис, фудбал  и пешачка патека.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега