Нов температурен шок - еве каде е најладно утрово

Интензивни врнежи од снег од утрово има на планините во северозападните делови на Македонија, но и во Полог. Во другите делови е обалчно со слаби врнежи од дожд.

Најмногу дожд 16 литри се наврнат во Пожаране, 13 Охрид, 11 Тетово, 9 Маврово, 8 Дебар, 7 Крушево, 6 Скопје, Куманово и Лазарополе, 5 Претор и Ѓуриште, 4 Битола, Виница  и Тополчани, 3 Прилеп и Берово, 2 Демир Капија, Штип, Гевгелија и Кавадарци и 1 Струмица и Пожар.

Утрово негативни температури се измерени во Маврово -2 и Крушево -1. На останатите места измерени се температури над 0. Во Тетово, Крива Паланка и Лазарополе 0, во Берово 2, во Прилеп, Претор, Дебар три степени, во Скопје, Охрид, Битола, Кавадарци, Виница и Куманово четири, во Струмица и Дојран 5 и во Штип, Демир Капија и Гевгелија се измерени шест степени целзиусови.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега