Премиерот Груевски на промоцијата на „Македонските искушенија“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска  ќе присуствува на промоција на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“.

Настанот ќе се одржи во Порта Македонија. Почетокот на настанот е предвиден за 13:00 часот.

 

На настанот ќе се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Оваа значајна едиција предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои произлегоа од документарните филмови посветени на значајни личности, настани, појави и процеси од македонската историја кои јавноста имаше можност да ги види на Македонската радио телевизија.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега