Циклонот Реа од Јадаранот се спушта кон Македонија - подгответе се за многу дожд и снег

Нови обилни врнежи од дожд, а на повисоките места повторно ќе има нови снежни наноси, извести Управата за хидрометеоролошки работи. Од таму додаваат дека под дејство на циклон кој се движи од Јадранот кон јужниот дел на балканскиот полуостров, голем дел од земјите во регионот се зафатени од невреме. Во Хрватска, БиХ и Црна Гора веќе снегот направил проблеми во сообраќајот, а Србија се подготвува за можноста од надојдени водни бранови во речните корита. Хрватскиот специјализиран веб сајт за временска прогноза, Крометео на овој циклон му го даде името Реа.

Во Македонија метеоролозите за попладне најавуваат врнежи и до 25 литри дожд на метар квадратен, а на повисоките места и во дел од низините во северниот дел на Македонија и снег. На планините во следните часови и во текот на ноќва која следи ќе наврнат нови 20 сантиметри снег.

За утре се предвидува засилен ветар од северен правец, нови врнежи од дожд посебно во источна Македонија. Во овој дел од земјава врнежите ќе бидат поинтензивни, посебно во сабота.

На планините во првиот ден од викендот ќе има нови врнежи од снег, посебно во југоисток, северна и западна Македонија. На пониските места ќе наврне нова снежна покривка која се предвидува да биде до 20 сантиметри, а до сабота изутрина ќе наврнат екстра 25 литри дожд. Во недела ќе е студено. Снег ќе паѓа само понекаде, а од понеделник времето ќе биде стабилно, но студено.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега