Ќе истура до понеделник - циклонот Реа доаѓа во Македонија

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Понекаде во северните делови и на пониските места врнежите ќе преминуваат од снег. Врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и ноќта кон петок, а наврнатите количества локално ќе надминуваат и над 25 л/м2. На планините снежната покривка ќе се зголеми за повеќе од 20 см нов снег. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно југоисточен ветер..
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Дождот не престанува. Најмногу наврна во Тетово 16, па во 15 Маврово, 14 Пожаране, 8 Крушево, 7 Скопје - Зајчев Рид, 5 Лазарополе, 4 Гевгелија,  2 Скопје - Петровец, Крива Паланка, Охрид, Берово, Прилеп Претор, Ѓуриште и Тополчани и 1 во Струмица и Битола.

Висината на снежната покривка е најголема во Маврово 55 Пожаране 30 и Крушево 10.

Ова се моменталните температури во Македонија: -1 Маврово, 0 Пожар, 1 Крушево, Ѓуриште, Пожаране, 2 Тетово, Лазарополе, Кр. Паланка, 3 Берово, Скопје, Дебар, 4 Тополчани, 5 Прилеп, Куманово, Претор, Дојран, 6 Битола, Скопје Пет., Струмица, Гевгелија, Виница, Д. Капија, Охрид, 7 Штип..

Утре преку целиот ден ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, ќе продолжат врнежите и ќе бидат понтензивни во источните делови од земјата особено преку ноќта кон сабота. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на југоисток од дожд. Во северните и западните делови од земјата врнежите на пониските места ќе бидат повремено од дожд и снег. На планините ќе се формира нова дополнтелна снежна покривка, на места со дебелина од 20см нов снег, а новите количества врнежи на места ќе надминуваат 25л/м2 за 24 часа. Повремено засилен северен ветер и со слаби врнежи претежно од снег ќе има и во сабота, а во недела ќе се задржи студено со северен ветер и со услови за слаб снег во  источните делови. Од понеделник ќе биде стабилно но студено.

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега