Никој не сака да го брани македонскиoт џихадист на кого му се суди за тероризам

Судењето на 18-годишниот Мухамед Закири од Охрид, обвинет за минатогодишниот терористичкиот напад во Анадолија, повторно се одложи поради тоа што адвокатот, одреден по службена должност, се откажа.

Како што пишува Канал5, адвокатот кој требал да го брани се откажал со зборовите дека тој не е човек туку животно. 

- Да се брани некого е света работа и должност. Јас сум имал многу клиенти. Но, ова не сум го видел. Овие обвинети не се луѓе, тие се подолу и од животни, изјавил адвокатот Наил Ѓундуз.

Судењето почна минатиот месец во судот во градот Нигде. За каков профил на терористи станува збор говори и фактот што и денеска од безбедносни причини тие не беа доведени в судница, а беа сослушувани го даваа преку видео конференциска врска од затворот во Анкара каде што се сместени. И тројцата се бранеле со молчење.

Охриѓанецот Закири, заедно со германскиот државјанин со македонско потекло Бенјамин Ху, чиј татко е од Грчец и со Косовецот Чендрим Рамадани лани на 20-ти март отворија оган врз полициски пункт на автопат во Турција, враќајќи се од камп за обука во Сирија.

На Охриѓанецот му се суди за убиство на три и ранување на 8 лица во Турција.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега