Свечена заклетва на 25. генерација доброволци во АРМ

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 25. генерација на доброволна воена служба во АРМ.
 
Во оваа генерација има 165 војници, од кои 12 девојки. Тие во наредните три месеци во Центарот за индивидуална обука при Командата за обука во Велес ќе стекнуваат знаења и вештини од основната воена обука.
 
Пред бројните гости, родители и пријатели на младите војници свечено дадената заклетва им ја честита Зоран Јолевски министер за одбрана.
 
- Доброволното служење во АРМ ви ја отвара можноста да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на служба во АРМ. Вие ја претставувате базата за натамошна селекција на професионални војници во нашата Армија и ви се отвара можноста да станете столб на одбраната на нашата татковина, потенцира министерот Јолевски.
 
Тој им вети дека Министерството за одбрана ќе стори се да ги отвори сите врати и тие да бидат дел од одбраната на Република Македонија.
 
Свечено дадената заклетва на младите им ја честите и полковникот Љупчо Костов командант на Командата за обука во велешката касарна.
 
Потсети дека низ Центарот за индивидуална обука во рамките на Командата за обука во изминатите 24 генерации поминале над четири илјади војници, од кои, како што рече, голем дел ја одбраа војничката професија и станале професионални војници во редовите на АРМ.
 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 13:41
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега