Белели во Куманово донираше книги за изучување на италијанскиот јазик

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Белели денеска во Куманово додели околу 300 книги за учениците и наставниот кадар кои го изучуваат италијанскиот јазик.
 
По посетата на Куманово, амбасадорот Белели информираше дека го поканил градоначалникот Зоран Дамјановски да го посети Експо 2015 во Милано, бидејќи на тој начин општината ќе може да ја искористи можноста за проширување на можностите за развој на градот.
 
- Дискутиравме за можностите за користење на европски фондови  како што е образовната програма „Еразмо плус“ со цел  размената на студенти, рече  Белели.
 
Посочи дека во Куманово веќе функционираат италијански компании и дека е добро работниците да го знаат италијанскиот јазик, а нагласи и дека Македонците се квалификувани и одлични работници.
 
Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски информираше дека го запознал амбасадорот со специфичностите на општината и за тоа дека 
 во добар дел од училиштата се изучува италијанскиот јазик.
 
Дамјановски и Белели разговарале за соработката на кумановската гимназија со италијанско средно училиште, за постоењето комбинат во чевларската индустрија во поранешната фабрика „Чик“ и за можностите за соработка со други региони  во Италија.
 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега