СДСМ отпуштаа - ВМРО-ДПМНЕ вработува!

Анкетата спроведена од ИРИ му го сруши сценариото на Зоран Заев кој имаше за цел да обвини за изборни нерегуларности.

Над 70 проценти од граѓаните сметаат дека изборите биле фер. Тие велат дека никој не им вршел притисок. Тоа значи дека и гласачите на СДСМ, кои биле анкетирани, се изјасниле дека изборите биле сосема фер и изборниот процес се одвивал без притисоци.

Фактите јасно покажуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ со години ја добива довербата од македонскиот народ. Програмата на владејачката партија е она за што се одлучуваат граѓаните. Обвинувањата на СДСМ кои се неосновани и разговорите кои незаконски ги пуштаат, нема да ги смени официјалните податоци.

ВМРО-ДПМНЕ вработуваше, а не бркаше од работа

ВМРО-ДПМНЕ  во овие девет години на власт, никого не избрка од работа. Тоа го знаат сите граѓани. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ изврши трансформација на работните односи и им даде решенија за неопределено време на илјадници вработени во образованието кои беа вработувани и во време на СДСМ. Неодамна беше објавена и трансформација на работните односи за илјадниците вработени во јавните институции кои по 10 години работат без решенија. Ниту еден граѓанин не беше избркан од работа поради неговата партиска определба.

Наспроти ваквиот начин на работа, сите помниме дека СДСМ избрка илјадници лица од ЕСМ, Фондот за здравство, јавните претпријатија и министерствата, поради нивната партиска определба. СДСМ бркаше од работа и незаконски разместуваше вработени во министерствата.

Освен што илјадници семејства останаа без средства за егзистенција поради отказите кои ги делеше СДСМ, опозициската партија дури најави и дека ова нема да престане и во случај СДСМ пак да дојде на власт. Граѓаните се уште се згрозени од изјавата на Зоран Заев каде најави дека сите луѓе ќе ги избрка од работа и ќе вработи партиски кадри на сите функции- од чистачка до министер.

 

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега