Укината забраната за камиони на патот Крива Паланка - Деве Баир

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патен правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир.

АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Велес - Скопје е нормализиран.

Во една коловозна лента во должина од 15 метри сеуште се одвива сообраќајот на патниот правец Кичево - Битола кај селото Железнец.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар, а воведена е и забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец од Тетово - Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега