Вистинска зима: Еве каде вее снег низ Македонија во моментов

Во недела врнежите постепено ќе престануваат. Денот и ќе започне со слаби и локални врнежи, претежно од снег. Почеста појава на овие слаби врнежи се очекува во источниот дел од земјата. На самиот југ од Повардарие врнежите ќе бидат од дожд. До крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат.

 

 

Утрото ќе бида релативно студено. Минималната температура ќе има вредност околу 0°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе се ќе има вредност околу -6°С.

 

 

 

 

 

 

Максималната температура во поголемите населени ќе има вредност околу 4°С. Југоисточниот крај очекува максимална околу 6°С. На повисоките места максималната ќе има вредност околу 0°С.

 

Во скопската котлина очекуваме облачно време со повремени врнежи од дожд и снег наутро и претпладне. Минималната температура ќе има вредност околу -1°С. Максималната температура ќе има вредност околу 4°С.

Моментална состојба

 

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега