Костадиновски во обиколка на поплавените во Битолско

 

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска ќе направи обиколка на поплавените површини во општините Могила и Новаци.

Заменикот Костадиновски ќе оддржи и состанок на Кризниот штаб каде што ќе се разговара за моменталната состојба и мерките што се преземаат и кои треба да се преземат за надминување на состојбата.

Во Битолско и Прилепско вчера беа поплавени околу 800 до 1000 хектари земјоделска површина. Зголемен беше водостојот на Црна Река кај Новаци. Поплавени беа површини во атарите на Лознани, Вашарејца, Ношпал, Могила во Битолско и во Тополчани во општина Прилеп.

Поплавен беше и коловозот од Могила до Радобор поради што беше затворен и за сообраќај. 

 

 

Оцени ја веста

08.03.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега