"Чедото ми го нема, отиде под црна земја" - мајката на Душанка скршена

Мојата Душанка веќе ја нема, отиде под црна земја, а убиецот ќе живее. Што ми вреди и да го осудат. Нека ми суди Бог, но моето дете не можам да го прежалам. Со овие зборови и со солзи во очите мајката на убиената докторка од Косовска Митровица ја раскажува својата приказна.

- Живееше во Косовска Митровица, но кај мене знаеше да дојде и да остане неколку дена. Беше минатата недела од понеделникот до четвртокот. Постојано ми велеше, мамо те сакам најмногу на светот. Вчера ми се јави и ми рече дека го сака Дејан и сака да му роди деца, а не кажа дека некој и се заканува, вели очајната мајка Марта за српскиот Ало.

Сепак, мајката вели дека чуствувала дека нешто не е во ред.

- Откако разговаравме во четвртокот сфатив дека нешто може да се случи. Нешто мрачно ми се вртеше во глава, вели таа.

Несреќната вест ја примила од зетот кој и кажал дека во Душанка е пукано и веќе ја нема.

Нека почива во мир.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега