Скопје: И пришол од зад грб и ја ограбил среде бел ден

Вчера попладне во 15 часот и 20 минути на улицата “Ленинградска“ во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба.

Ограбена била 54-годишната Л.П. од Скопје, при што крадецот и одзел златно синџирче и и причинил материјална штета од околу 10.000 денари.

Крадецот на оштетената и пришол од зад грб и со рака го скинал и одзел синџирчето од вратот и побегнал.