Нови детали: Александра е убиена по грешка

23-годишната Александра која беше фрлена мртва пред Ургентниот центар во Белград,  била убиена по грешка.

Александра не била метата, туку мета била нејзината другарка Елизабета Б. (21), пренесува српски Курир.

Двете девојки се забавувале во саботата во кафеана со 33-годишниот О.З. и В.Р.(33), кои биле на викенд отсуство од затвор. Во истиот локал биле и тројцата осомничени за убиството на Александра. Кога тргнале девојките да си одат дома, се случил грозоморниот настан, но мета на тројцата осомничени кои се во притвор била најверојатно нејзината другарка.

– Со шишиња го нападнале возилото во кое се качиле Александра и Елизабета, но втората девојка успеала да побегне и да се спаси. Александра откако била тепана, успеала да избега, но потоа била прегазена со возилото и усмртена. Сепак, не е утврдена точната причина за смртта, вели извор за српскиот Курир.

 

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега