Му украле 500 денари а му дале фотоапарат од 100 евра - необичен грабеж во Скопје

Вчера во 15 часот и 30 минути на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје, две непознати лица ограбиле старец.

Се работи за 81-годишниот Д.С. од Скопје кој се движел по тротоарот на улицата кога  двајца непознати сторители му се приближиле и го фатиле за двете раце притоа заканувајќи му се дека физички ќе го нападнат,  ако не им даде пари.

Еден од разбојниците од џебот од панталоните му одзел 500 денари и откако му дале фотоапарат и му рекле дека истиот вредел 100 евра, со трчање се оддалечиле од местото на настанот. 

најчитано сега