Притворен шефот на Интерпол Тирана

Поради основани сомненија за злоупотреба на службената положба, доцна синоќа притворен е шефот на Интерпол Тирана Артан Бајрактари. Во притвор е и агентката Лорета Ала, јави дописникот на МИА од Тирана.

Тие се сомничат дека во соработка  ги прикриле информациите добиени од белгиските власти дека пратеникот Марк Фроку се бара за убиство, за кое бил осуден во Белгија на десет години затвор.

- Поради сокривањето на овие податоци, Фроку и можел да стане пратеник. Интерпол во соработка со албанското МВР, повеќе од два месеца ги истражувале активностите на шефот на Интерпол –Тирана, Артан Бајрактари, околу сокривањето на податоците  за пратеникот Фроку, објавуваат албанските медиуми.

Освен за убиство, Фроку во Белгија се товари и за организирање проституција.

Инаку, поради лажните обвинувања искажани против актуелениот претеседател на парламентот Илир Мета, дека наводно потплатил убијци да ги ликвидираат него и пратеникот Том Допи, тие беа приведени и сега се во домашен притвор.

 

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега