Брисел со порака до Атина: Заборавете на Русија

 Грција не смее да бара помош од Русија и намалување на цените на рускиот гас за грчките домаќинства, бидејќи на тој начин не би ја почитувила политиката на ЕУ, предупредија неименувани дипломатски извори во Брисел.  

Како што јави Б92, ваквото предупредување до Атина доаѓа во време кога грчкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис и претседателот на Парламентот, Танасис Патракос престојуваат во Москва на разговори со руски официјални претставници.

Паралелно со ова, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фомд ги разгледуваат предлозите на Атина за продолжување на реформите, од што ќе зависи исплатата на дополнителната помош за Грција, без која по 20 април земјата би се нашла на работ на банкрот.

Атина инсистира новите реформски мерки да не се сведат само на „затегнување на ремените“ на грчките граѓани, туку да придонесат за економско заздравување со што би се овозможило плаќање на докговите од „здрави извори“. 

Двајца германски европартеници меѓутоа оценија дека предложениот грчки план за реформи е недоволно јасен, предупредувајќи ја Атнина да не бара помош од Москва, доколку сака да добие финансиска поддршка од ЕУ и ММФ.

- (Грчкиот премиер Алексис) Ципрас се впушта во многу опасна стратегија, но оној кој си игра со оган и бара поддршка од Русија би може да си ги изгори прстите, предупредија германските демохриситјански европратеници Манфред Вебер и Херберт Ројл. 

Предупредувањата до Атина доѓаат откако Русија соопшти дека би можела да и одобри помош на Грција, ако таа го побара тоа и во пресрет на посетата на Ципрас на Москва следната недела, каде ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

 

 

Оцени ја веста

31.03.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега