Обид за убиство во Тетово

Како осмничен дека сторил „убиство во обид“ 26-годишниот Д.А.од Тетово и Е.Ј. (35) и И.И. (39), исто така од Тетово си заработија кривични пријави. Пријавите се за двата инциденти што во вторникот на 31 март се случиле во близина на Градскиот стадион.

Д.А. како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, се сомничи дека во вторникот околу 19 часот и 40 минути во непосредна близина на градскиот стадион во Тетово  со пиштол „Бул шероке М 5“, калибар 45 милиметри, што  го поседувал со дозвола,  испукал неколку куршуми кон возило „Ауди“ во кое се наоѓал Е.Ј. и уште едно лице, од кои три завршиле во возилото и причиниле оштетувања на истото. Е.Ј. и И.И. десетина минути пред овој вооружен инцидент на кружниот тек во близина на стадионот во Тетово со возила „Ауди“ и „Фолкваген лупо“ со тетовски таблици го следеле, пресретнале и му го попречиле патот на 51-годишниот Ш.А. татко на Д.А., и му причиниле оштетување во предниот дел на неговото возило „БМВ“ но тој успеал да сврти и да се оддалечи од местото. 

 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега