Охрид промовиран на Саемот за културен туризам во Бугарија

На Саемот за културен туризам и партнерска соработка, што од 1 до 4 април се одржа во Велико Трново, Република Бугарија, учествуваше делегација на општина Охрид, која имаше деловни средби со други регионални партнери, општини и организации. Покрај средбите, градот беше промовиран на саемот и со промотивни материјали. 

Исто така делегацијата на општина Охрид, реализира повеќе средби со повеќе туристички организации и агенции од Бугарија при што беа договорени различни заеднички активности во насока на развој на туризмот и зголемена туристичка промоција на Охрид во иднина.

На Меѓународниот фестивал на туристички филм кој се одржува во рамки на саемот, Охрид преку Македонската агенција за поддршка на туризмот, беше промовиран со филмот „Охрид – Град на светлината“.

Посетата на Велико Трново, беше искористена и за остварување на работна средба во Канцеларијата за Европски проекти, каде што се договори заедничка подготовка на проектни апликации за партнерски настап пред Европските финансиски фондови, донатори и други институции од полето на туризмот, културата, руралниот развој и спортот.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа