Без струја утре повеќе скопски општини

ЕВН Македонија известува дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Студеничани, Гази Баба, Илинден, Центар и Ѓорче Петров.

Во општина Студеничани без електрична енергија од 08.30 до 14.30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Љубош, во општина Илинден од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Кадино, корисниците од село Марино и Бела Земја, фирмите Хавеп, Натам и фармата Илинден и корисниците од селата Булачани, Црешево, Љубанци и Раштак во општина Гази Баба.

Во општина Центар во периодот од 10.00 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. Теодосиј Гологанов бр. 56, 58, 60, 126, 128, 130 и 132, дел од фабриката Треска, сервис Данлоп, корисниците од ул. Рузвелтова бр. 5, 7 и 9, ул. Христо Смирненски бр. 46, 48, 53, 55 и 64 и корисниците од ул. 9 Мај бр.17,20 и 44 и во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 60 во село Волково во општина Ѓорче Петров.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа