За Велигден, 5 годишниот Давид замина дома

„Те молам држи ме за рака, заедно да одиме на машината за сила. На таа машина јас ќе добивам сила.“ Со овие зборови не пречека, 5 годишниот Давид Домазетовски, кој се подготвуваше да замине на последниот, 31-ви зрачен третман на акцелераторот Trilogy во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Ова утро Давид стана три часа порано, за да заврши со терапијата, и по четири месеци лекување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се подготвуваше да замине дома во Битола. Со цврсто стегната рака, пристигнавме на одделот за радиотерапија. Тој веднаш си ги побара физичарите кои беа одговорни за неговата терапија на Trilogy.
„Каде е Јасин, да ми ја стави маската на Зоро.“ го бараше Давид, физичарот, кој ја подготви маската која мора да ја носи за прецизност на третманот, и зрачењето започна.
Кога се врати во собата го пречека проф. д-р Јовица Угриновски. Силно се прегрнаа, и Давид му вети дека ќе дојде повторно за заедно да играат фудбал.

Повеќе прочитајте на Први.мк

ФОТО: Први.мк

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега