Повторно се плаќа паркингот во центарот на Охрид

 

Од денеска повторно е во сила наплатата за паркирање моторни возила во централното градско подрачје во Охрид.

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ од денеска ќе врши наплата за паркирање на дел од паркиралиштата во центарот на Охрид и тоа паркинг-простор што се протега на улиците „Македонски Просветители“ од пресекот на булевар „Туристичка“ до крај заедно со кружниот тек на сообраќај, потоа просторот што се протега на дел од ул. „Партизанска“ од пресекот со „Мак. Просветители“ до ул. „Кузман Јосифоски Питу“, од раскрсницата на оваа улица со „Партизанска“, па се до пресекот со Кејот „Маршал Тито“, заедно со париралиштетп зад хотелот „Ривиера“, како и паркинг-просторот што се протега на дел од Кејот „Маршал Тито’’ и тоа од пресекот со „Македонски Просветители“, па се до излезниот терминал кај паркинг-куќарка на истата улица.

Наплатата за паркирањето ќе се врши зонски односно со две тарифи. Во зоната „А“ во строгиот центар („Македонски просветители“, кружниот тек) надоместокот за паркирање ќе чини по 40 денари за првиот односно вториот час, како и по 30 денари за секој нареден час. Во т.н. зона „Б“ паркирањето ќе чини 30 денари во првиот и исто толку во вториот час, а за секој нареден час ќе се плаќа по 20 денари.

Директорот на ЈП „Билјанини извори“ Иванчо Цветкоски изјави дека ова се цените за наплатата за паркирањето за оваа летна туристичка сезона, односно дека постои можност цените за паркирањето да бидат намалени после 1 септември, но таа одлука ќе треба да биде одобрена од Советот на општина Охрид.  Цветкоски појасна дека наплатата за паркирањето оваа летна сезона ќе ја вршат вработените на претпријатието со тоа што истите за наплата ќе користат фискални апарати, додека за во иднина се размислува за примена на алтернативни начини за наплата како користење мобилни телефони и друго.

Исто така тој соопшти дека Јавното претпријатие што стопанисува со јавниот паркинг-простор во централното градско подрачје ќе склучува договори за долготрајно користење користење паркинг-место, но исклучиво со заинтересирани правни и физички лица кои живеат односно работат на улиците каде се наплаќа паркирањето.

најчитано сега