„Националистите сонуваат и целат кон Велика Албанија“

 

Повторно расте сонот за Велика Албанија на Балканот. Во Албанија новата националистичка партија Црвено-црна Алијанса би можела да биде тас што ќе превагне на трезијата на одржаните парламентарни избори, пишува „Свенска дагбладет“.

 Во пошироката анлиза на шведскиот весник се укажува дека во соседното Косово претставници на националистичка партија Самоопредулавње добиваат околу 20 отсто од гласовите во најновите сондажи, а пораст на албанскиот национализам се забележува и во Македонија.

 - Го презирам поимот Велика Албанија, ние немаме намера да им земеме земја на нашите соседи. Го претпочитам изразот Природна Албанија. Зошто ние Албанците да не бидеме заедно, како Германци на запад и исток по паѓањето на Берлинскиот ѕид, вели д-р Маргарита Кола, член на раководството на Црвено-црната Алијанса и шеф на Албанскиот национален институт за миграции и интеграција на доселениците.

 Црвено-црната Алијанса во јануари годинава побара формално дозвола од централната албанска изборна комисија за одржување референдум за идна унија меѓу Албанија и Косово.

 - Можеби би требало да имаме федерација според примерот на Швајцарија или САД. Или заедничка држава која се администрира на поинаков начин, вели Маргарита Кола.

 Нејзината партија заговара, меѓу другото, сите етнички Албанци, независно каде живеат, да добијат албански пасоши. Целта е Албанците да се обединат под големиот чадор на ЕУ.

 Околу визијата за Велика Албанија „Свенска дагбладет“ се обрати за мислење и до членката на потесното раководство на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

 - Штом имаме политичка криза, се актуелизира ова прашање. Националистите не се воздржуваат во користењето на оваа идеја, но се сомневам дека тие навистина се заинтересирани за Велика Албанија. Доколку седиштето на таа замислена држава би било во Тирана, тогаш би се намалило значењето на локалните албански лидери кај нас на ниво на мали фигури без никакво влијание. Денес тие се значаен политички фактор во Македонија, кои можат да учествуваат во формирање или уривање на коалициона влада, кога тоа им одговара, вели Шеќеринска.

Многумина беа вознемирени кога албанскиот премиер Сали Бериша лани, при прославата на 100-годишнината од независноста на Албанија, рече дека албанска цел е обединување на нацијата. Тој зборуваше за “земја на сите Албанци“, од Превеза во Грција до Прешево во Србија, до Подгорица во Црна Гора и до Скопје во Македонија. Се разбира, вклучувајќи го и Косово.

 Изјавата на Бериша е втисната на пергамент кој ќе се чува во музејот на Албанската држава во албанскиот град Влора, се наведува во репортажата на „Свенска Дагбладет“.

најчитано сега