Охрид: Сакал да спречи да го ограбат па самиот добил кривична

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот И.Т. од охридското село Косел. На шести овој месец, охриѓанецот се јавил во полиција и пријавил кривично дело „тешка кражба“ извршена во неговиот дом во селото Косел кога, според неговото кажување биле одземени 10.000 евра и постелнина.

-Според пријавителот, кражбата била извршена истиот ден околу 15 часот и 30 минути кога при доаѓање од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени а влезната врата од куќата била насилно отворена. Од спалната соба му биле одземени јамболии, ќилими, ќебиња како и една акт ташна во која чувал 10.000 евра. По преземени оперативни мерки за реализација на пријавеното кривично дело, СВР Охрид констатира дека сега пријавениот И.Т. извршил лажно пријавување на кривично дело односно пријавил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека тоа дело не е сторено, соопштуваат од охридската полиција.

И.Т. ја пријавил кражбата со цел да ги заплаши и да им влее страв на сторителите на кражби од куќи и станови кои користеле насилни методи. 

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега